Македонија и Албанија ќе се поврзат со бродска линија

Bez autora
May 22 2014

Најголемиот македонски туристички центар Охрид и албанскиот град Поградец ќе се поврзат со редовна бродска туристичка линија, која ќе ги спојува албанската и македонската страна на Охридското Езеро. Албанскиот министер за транспорт Едмонд Хаџинасто при престојот во Подградец најави почеток на бродската линија Подградец-Охрид-Струга уште ова лето. Врз основа на договорот меѓу министерствата за транспорт на Македонија и на Албанија, бродската линија ќе профункционира од 15 јуни, се' до 15 септември, што значи за главната туристичка сезона. Нејзиниот старт ќе даде нов импулс за развој на туризмот во Поградец, изјави Хаџинасто.

Македонија и Албанија ќе се поврзат со бродска линијаНајголемиот македонски туристички центар Охрид и албанскиот град Поградец ќе се поврзат со редовна бродска туристичка линија, која ќе ги спојува албанската и македонската страна на Охридското Езеро.

Албанскиот министер за транспорт Едмонд Хаџинасто при престојот во Подградец најави почеток на бродската линија Подградец-Охрид-Струга уште ова лето.

„Врз основа на договорот меѓу министерствата за транспорт на Македонија и на Албанија, бродската линија ќе профункционира од 15 јуни, се' до 15 септември, што значи за главната туристичка сезона. Нејзиниот старт ќе даде нов импулс за развој на туризмот во Поградец“, изјави Хаџинасто.

Бродската линија Охрид - Поградец како проект се најавува во последниве десет години, а главните пречки засега беа од инфраструктурен и бирократски карактер.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik